Македонија

Актуелната состојба во Мaкедонија не влијае врз работењето на странските инвеститори

Актуелната состојба во Мaкедонија не влијае врз работењето на странските инвеститори

Актуелната состојба во Македонија засега не влијае врз работењето на странските инвеститори, но потенцијалните вложувачи со внимание ја следат и ги забавуваат своите одлуки, пренесува МИА.

Ова е оценката на претседателот на Македонско – турската комора (МАТТО) Туна Ејуп Кахвеџи и претседателот на Советот  на странските  инвеститори при Стопанската комора Хуан Педро Химерез Наваро.

Кахвеџи  и Наваро од вчерашната средба во Скопје порачаа дека инвеститорите здружени во двете асоцијации и натаму ќе работат на унапредување на деловната и инвестициската клима во Македонија, како и на зајакнување на приватно-јавниот дијалог.

Средбата, како што информираат од МАТТО, беше со цел обединување на ставовите и преземање заеднички активности во тој контекст.

Заклучно со 2014 година вкупните турски инвестици во земјава изнесуваат околу 830 милиони евра.