Актуелниот кипарски претседател Анастасиадис води на претседателските избори

Актуелниот кипарски претседател, кандидат на десноцентристичката партија DISI, Никос Анастасиадис води на претседателските избори, но не успеал да освои надполовично мнозинство од гласовите па на 4-ти февруари ќе се одржи вториот круг.

Според податоците по 50,4 отсто од преброените гласови, 71-годишниот Никос Анастасиадис води со 35,75 отсто од гласовите. Кандидатот на левата партија Прогресивна партија на работниот народ (AKEL), 51-годишниот Ставрос Малас, освоил 29,34 отсто од гласовите. На третото место е 44-годишниот Николас Пападопулос од центристичката Демократска партиjа (DIKO), кој во моментов има освоено 26 отсто од гласовите. Неочекувано многу гласови – 5,95 отсто добил кандидатот на националистичкиот Национален народен фронт (ELAM), Христос Христу.

Вкупно на изборите учествуваа девет кандидати за нов претседател на Кипар. Изборната комисија соопшти дека одѕивот на избирачите изнесува 71,4 отсто од околу 550.000 гласачи, што е многу пониско отколку кога Кипраните во 2013 година го избираа претседателот – 83,14 отсто, но е повеќе отколку на последните парламентарни избори во 2016 година кога гласале 66,74 отсто од изирачите.

Поради што оваа мала островска медитеранска членка на Европската унија е поделен повеќе од четири децении, Република Кипар, кој е членка и на еврозоната, се простира на две третини од островот, додека на преостанатата третина на југот постои, Република Турција Северен Кипар, заедница на кипарските Турци којашто ја признава само Турција.

Анастасиадис вети дека повторно ќе ги започне преговорите за обединување доколку биде одново избран. Себеси си ја припишува заслугата за брзото закрепнување на финансиската криза од 2015 година. Невработеноста падна од 16 отсто во 2014 година на 11 отсто кон крајот на 2017 година, а економијата бележи раст. Меѓутоа невработеноста и натаму е третата највисока во ЕУ, а меѓу младите изнесува дури 25 отсто, додека економското закрепнување аналитичарите го оценуваат како релативно. Неговите критичари го обвинуваат дека бил преблаг во преговорите со Турците.