Акупунктурата во Кина е популарна и за домашните миленици

Осуммесечен булдог кој боледува од парализа, нежно е врзан со ремени и уплашено гледа кон својот сопственик додека ветеринарот во една ветеринарна станица во Шангај спроведува сеанса на лекување не неговиот повреден ‘рбет со игли за акупунктура.

Малиот пес Данџиао без сомнение попрво мирно би глодал коска, но неговиот сопствен најдобро знае што е за него корисно.

Металната структура со ремени е поставена на ветеринарско столче помалку потсетува на средновековен систем за мачење, но тоа е единствениот начин животното во текот на сеансата да остане мирно.

Акупунктурата може да биде и алтернатива за евтаназијата, судбина коешто го очекува животното кое боледува од болест којашто не може да се лекува, вели др Џин Ришан од Клиниката за традиционална кинеска медицина во Шангај. „Имаме сѐ повеќе клиенти“, појаснува педесет и тригодишниот ветеринар чијшто Центар за ветеринарна неврологија и акупунктура секојдневно прима и до 20 четириножни пациенти.

Многу кучиња, особен од расите булдог, германски и шкотски овчар или басет особено се подложни на повреди на ‘рбетот и ‘рбетниот мозок., поради што понекогаш им е потполно оневозможено одењето.

Акупунктурата е начин на лекување кај кој се користат стерилни акупунктурни игли, а целта е да се стимулираат одредени точки на телото за да се поттикне протокот на виталната енергија „Qi“, и за организмот да се врати во состојба на рамнотежа.

Во согласност со филозофијата на традиционалната ветеринарна кинеска медицина губењето на виталната енергија „Qi“ и нарушувањето на Јин и Јанг водат кон болест.

„Околу 70 отсто од моите пациенти боледуваат од дискус хернија, која може да резултира со парализа на задните нозе, а понекогаш и со парализа на сите четири екстремитети“, вели др Џин и појаснува дека во таквите случаи акупунктурата многу е поефикасна отколку техниката на модерната западна медицина.

„Западниот начин на лекување во вакви случаи не може да направи некои поголемо напредување“, вели Џин и додава дека Данџиао, кого сопственикот го донел потполно парализиран по тежок пад на грбот, по тридневното лекување со игли за акупунктура постепено почнал да ползи нанапред, а по седмата сеанса се потпирал на сите четири нозе.

Во шангајската клиника дене се слекуваат многу четириножни миленици, вклучително у мачки .

Од 1979 година Светската здравствена организација (СТО – WHO) акупунктурата и официјално ја призна како гранка на медицината.

Називот потекнува од латинските зборови acus = игла и pungere = бодење, а кованицата почнале да ја употребуваат европските мисионери кои кон крајот на XVI век пристигнале во Кина и на враќањето го донеле гласот за кинескиот начин на лекување. Кинескиот термин за акупунктурата е жен-џиу.