Аква паркот во Пробиштип се отвора во петок

Оваа сезона на Аквапаркот во Пробиштип се отвора во петок. На денот на отворањето влезот ќе биде бесплатен, а присутните ќе се забавуваат со Пеце од „Суперхикс“ и момците од „Брејкдаун бенд“.

Организаторите во новата сезона најавуваат многу ноќни забави, водени лудории преку ден, аниматори и познати артисти. Аква паркот во Пробиштип ќе работи секој ден од 10 до 19 часот.

Влезот е бесплатен за децата до 3 години, децата од 3 до 14 години плаќаат влезница од 300 денари, а за гостите над 14 години влзницата чини 350 денари.

Постои можност и за сезонски билет за 3,500 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.