Македонија

Аква паркот во Скопје годинава со помалку посетители

Аква паркот во Скопје годинава со помалку посетители

Годинава, за три месеци колку што беше отворен, водниот парк го посетиле околу 30.000 граѓани. Исто толку посетители во аква паркот имаше и лани, но со тоа што работеше само 50 дена, бидејќи беше отворен кон крајот на јули, пишува „Вест“

Надлежните од СЦ „Борис Трајковски”, сепак, се задоволни од бројот на посетители, имајќи го предвид врнежливото лето.

Новиот директор, Златко Перински за следната сезона најави нови содржини, а минатата недела ги намали цените, па фамилијарен билет место 1.200, стана 1000 денари, а децата под 13 години место 300, плаќаа по 200 денари.