четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Аквапарк во Марсеј закупен само за муслиманки во буркини

буркини

Последни вести

Еден забавен парк на вода во француксиот град Марсеј е закупен на еден ден од страна на една муслиманска организација, со цел да можат да го користат само муслиманки кои сакаат да се забавуваат носејќи само буркини.

Станува збор за посебно креиран костим за капење за муслимнските жени, кој целосно ја покрива главата, освен лицето, како и телото од вратот, до глуждовите.

Еднодневната забава во буркини е закажана за 17 септември во паркот „Спидвотер“ во близината на Марсеј.

Организатор на настаное е една група од муслиманската заедница во овој град на југот од Франција, која порача дека жените може со себе да донесат машки деца, но на забавата во паркот нема да биде дозволен влез за нивните сопужници и за мажи воопшто.

Француските политичари од десниот центар и екстремната десница остро ја критикуваа ваквата летна забава за муслиманки во буркини.

– Прифаќањето на оваа т.н. мода значи дека ние во Франција сега прифаќаме комунализација на земјата, изјави за локалните медиуми градоначалникот на една марсејска општина Валери Бојер, која доаѓа од редовите на партијата Републиканци на поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Според Бојер, забавата на вода за жени облечени во буркини, кои се практично забрадени, претставува навреда на женското досоинство, што е прашање на најфундаметалните принципи за човекови слободи на француското општество.

Франција е првата земја во ЕУ која забрани целосно покривање на лицето на муслиманките на јавни места, но тие може да се облекуваат во своите муслимански облеки.

Во Франција живеат над пет милиони муслимани, што е најголем број во земјите на ЕУ, но само околу две илјади жени целосно го покриваат лицето.

Најчитани вести