Аквапаркот од денеска отворен за посетители

Аквапаркот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска почнува со работа. Посетителите ќе можат да се забавуваат на повеќе видови тобогани, на базенот со бранови, мрзливата река и детскиот базен.

Цените и годинава ќе бидат исти како лани, 300 денари, а семејниот пакет за четири лица ќе чини 1.000 денари.

Аквапаркот ќе биде отворен секој ден, од 10 до 22 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.