Ал-Абади: Воено ќе интервенираме ако дојде до судири на референдумот во ирачки Курдистан

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади изјави дека се подготвува воена интервенција доколку референдумот на Курдите за независност резултира со судири.

Во ексклузивно интервју за американската агенција Asociated Press, ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади референдумот го оценувакако „опасна ескалација“ која ќе повика на кршење на ирачкиот суверенитет.

Пратениците во ирачки Курдистан го одобрија и за 25-ти септември го закажаа одржувањето на референдумот за независност на оваа автономна област во Ирак, додека членовите на опозицијата ја бојкотираа првата седница на Владата во последните две години.

Потпретседателот на автононата покраина ирачки Курдистан, Џафар Ајменки, кој претседаваше со седницата, рече дека референдумот ќе биде оддржан откако 65 пратеници кои биле присутни во салата гласале за него, пренесува AFP.

Ирачката влада се противи на референдумот, кој претходно годинава го најави лидерот на Курдите, Масуд Барзани.

Иран и Турција, исто така, го изразија своето незадоволство од референдумот, соопштувајќи дека тој може да предизвика сепаратистички тенденции меѓу курдската популација во двете земји.