Ал-Багхдади: Од повторувач во училиште до најбаран терорист

Еден од најопасните луѓе на денешницата, лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багхдади, повторувал одделение на училиште, не го примиле во војска, ниту да студира право. Тој запишал исламска теологија, студии кои сигурно имаат заслуги во радикализирањето ставови на овој човек.

За главата на најбараниот терорист на светот се понудени 10 милиони долари. А еден од најопасните луѓе на денешнницата, лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багхдади (44) во младоста бил далеку од извонреден, пренесува Индепендент.

Истражувчите во Германија пронашле информации за главниот човек на опасната организација кој себе си се нагласил за калиф на новата Исламска држава. Меѓу другото, тие дознале дека тој повторувал одделение на училиште, поради кратковидноста било одбиено неговото барање за пристап во ирачката војска, а не му пошло од рака ниту да запише правен факултет. Наместо тоа, запишал исламска теологија, а веројатно комбинацијата на студии и претходните искуства допринеле кон радикализацијата на неговите ставови.

За лидерот на ИСИС, освен неколку фотографии, малку работи беа познати. Затоа Германците разговарале со жителите на неговиот роден град Самара каде што одел на училиште, играл фудбал на улица и на децата им давал лекции од Куранот.

„Го нарекуваа верник“, рекол за ARD еден од жителите. Поранешен сосед на Ал- Багхдади кој сакал да остане анонимен рекол дека третиор од четирите синови родени во побожно семејство на сунитските муслимани отсекогаш бил амбициозен. „Тој сакаше да има моќ и да биде влијателен, но сите бевме шокирани кога одеднаш го видовме како „калифа““, рекол соседот.

Просечниот ученик, чии оцени не биле доволни за право, исламската теологија ја студирал осум години, а во 1999 година и докторирал. Докторатот му помогнал да стане лидер на ИСИС, а му овозможил и да конструира „теолошко оправдување“ за бруталноста на организацијата.

Од нејасни причини, во 2004 година Багхдади го уапсиле американските сили и поминал 10 месеци во притвор во јужен Ирак. Се верува дека тогаш некогаш се придружил во Ал-Каеда, а од 2007 година бил одговорен за исламскиот Шариа закон и осигурување на верски оправдувања за терористичките дела.

Некои тврдат и дека му бил ученик на Абу Мусаб ал-Заркави, поранешниот водич на Ал-Каеда во Ирак кој вовел пракса за отсекување на главите на заложниците и носење портокалова униформа.

Еден од неговите соседи рекол и дека неговите училишни пријатели биле убиени од страна на Исламската држава. „И тогаш тој се појави како емир на органзиацијата, а тоа е навистина застрашувачко“, заклучил соседот.