Македонија

Ал Каеда: Наша грешка, жал ни е

Ал Каеда: Наша грешка, жал ни е

Огранокот на Ал Каеда во Јемен ја призна грешката и подготвен е да плати оштета, откако еден од борците извршил напад во болница при јеменското министерство за одбрана.

„Сега имаме сознанија за нашата грешка и вина. Нудиме извинување и сочувство до семејства на жртвите. Ја прифаќаме целосната одговорност за она што се случи во болницата и ќе ги платиме крвавите пари на семејствата на жртвите“, вели Касим Ал-Рими, командант на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, јавува новинската агенција АП.

Ал Рими тврди дека на нивниот борец не му било наредено да изврши напад врз болницата.

Извинувањето Ал Рими го изнел преку видео порака синоќа. Во нападот на среде бел ден на петти декември во комплексот на јеменското министерство за одбнрана во Сани беа убиени 56 луѓе, вклучувајќи пациенти и странски лекари од Филипините, Германија, Индија и Виетнам.