Ал Каеда ослободи тројца шпански новинари

Тројца шпански новинари кои беа киднапирани од Ал Каеда се ослободени во Сирија, откако за нив биле платени над 11 милиони долари.

Весникот наведува дека за секој новинар се платени по 3,7 милиони долари.

Дополнителните сретства се потрошени за камповите на раселените лица во Сирија.

На сајтот се наведува дека Турција и Катар биле замолени од стрнана на шпанската Влада да помогнат во преговорите, но дека Турција не била во директна врска со сирискиот огранок на Ал Каеда – Фронтот Ан Нусра.

Мадрид се заблагодари и на двете страни за нивната помош во преговорите, откако тројцата новинари – Антонио Памплиега, Хозе Мануел Лопез и Анхел Састре, се вратија во Шпанија претходно овој месец.

Тројцата новинари исчезнаа во јули 2015 година во градот Алепо, кој беше под контрола на бунтовниците. Тие во Сирија влегле од Турција.