Ал Каеда подготвува напади врз САД и Западот

Огранокот на Ал Каеда во Јемен, повика на напади во стилот „волк самотник“ врз САД и Западот, во видео-снимка поставена на интернет неколку денови откако групата ја презеде одговорноста за нападите врз редакцијата на „Шарли ебди“ во Париз.

Еден од лидерите на групата, Насер бин Али ал-Анси ги повика своите приврзаниви да покренат „индивидуален џихад“, наведува набљудувачката група СИТЕ, која на интернет ги следи исламистичките екстремисти.

– Подготвени сме и ги ги демнеме непријателите на Алах. Ги поттикнуваме верниците тоа да го направат, истакна Анси.

Во претходната видео-снимка Анси соопшти дека групата Ал Каеда на Арабискиот Полуостров (AQAP) стои зад нападот врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, со кој почна тридневното крвопролевање во Франција, при што се убиени 17 луѓе.

Во последното обраќање Анси предлага напади во стилот на „волк самотник“ бидејќи „тие можат да нанесат поголема штета“, но ако тоа се покаже како непрактично приврзаниците треба да ги напуштат западните земји и да не живеат по законите на „неверниците“.

Западните влади наведуваат дека се уште не е јасно дали Ал Каеда на Арабискиот Полуостров раководела со нападите или еден или двајца напаѓачи поминале извесно време со џихадистите во Јемен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.