„Ал Мајдин“: Турски војници навлегоа на сириска територија

Според истиот извор, турските војници ја минале границата во реонот на селото Ел Хамам, во близина на пограничниот град Арфин, и поставиле свој контролен пункт на сириска територија.

Како што пренесува ТАСС, мнозинството од жителите на подрачјето на Арфин, кој се наоѓа северозападно од Алепо, се Курди. Градот и неговата околина се под контрола на курдските Сили за заштита на народот и на тоа подрачје нема припадници на регуларната сириска Армија.

Оваа инфромација засега не е потврдена од друг извор и засега нема никаква реакција на претставниците на сириските Курди.

За разлика од реонот околу Арфин, остантите подрачја долж сириската гранца со Турција во провинцијата Алепо се под контрола на сириските бунтовници.

Информацијата за навлегувањето на турски војници во Сирија следи отакако денеска припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) почна офанзива против сириските бунтовници кај градот Азаз во провинција Алепо.

Според изјави на очевидци и претставници на хуманитраните организации во регионот, џихадистите презеле контрола врз шест села и се доближиле до местото Мареа, кое важи за главно упориште на бунтовниците во тој дел на Сирија.

Истите извори тврдат дека по пробивот на припадниците на ИД, околу 100.000 луѓе останале блокирана меѓу турската граница и линијата на фронтот меѓу џихадистите и бунтовниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.