Ал Сиси и Оланд побараа воведување на нови мерки против ИД

Претседателите на Франција и на Египет, Франсоа Оланд и Абдел Фатах ал Сиси апелираа да се свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Либија и за преземање нови мерки против радикалната група Исламска држава, откако Египет бомбардира нејзини позиции во Либија.

Шефот на египетската дипломатија Самех Шукри најави дека ќе учествува на средбата посветена на борбата со тероризмот во Вашингтон од 18 до 20 февруари. Тој на средбата ќе побара интервенција во Либија, каде ИД обезглави 21 египетски христијани.