Свет

Ал Сиси во прва официјална посета на Русија

Ал Сиси во прва официјална посета на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска разговарал во руското црноморско летувалиште Сочи.

Руските агенции пренесуваат дека двајцата престедатели разговарале за економската соработка во регионот, како и за меѓународни теми.

Ова е прва официјална посета на Русија на ал Сиси. Тој слета на аеродромот во Сочи, а од страна на руската војска му биле покажани неколку примероци од руската воена техноогија, која Русија е подготвена да им ја продаде на своите египетски партнери.

Русија по пат на економска и воена соработка се обидува да го прошири своето влијание, на блискиот сојузник на САД на Блискиот Исток.