Алаѓозовски на десет дена пред фестивалот го разреши директорот на „Охридско лето“

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој викендов е дел од владината делегеција која е во посета на Босна и Херцеговина, на само десет дена од почетокот на најголемата културна манифестација во Македонија – „Охридско лето“ и во текот на финиширањето на подготовките го смени нејзиниот директор Оливер Арсовски.

Официјалното образложение на Алаѓозовски наводно било поврзано со инспекциите кои биле пратени до фестивалот пред извесно време.

Вакви инспекции се пратени кај сите директори на институции за кои Алаѓозовски смета дека се блиски до минатата власт, или како што тоа Петрит Сараќини и Алаѓозовски го срочија официјално во соопштение при разрешувањето на Јелена Жугиќ и Братислав Димитров, станувало збор за кадри „под контрола на Никола Груевски“.
Тактиката на Алаѓозовски, како што се покажа и со менувањето на директорката на Археолошкиот музеј, Весела Честоева, е да се пратат инспекции кои имаат налог по секоја цена да најдат причина поради која директорот на одредена институција ќе биде сменет. Онаму каде што нема никаква, ќе се измисли, а ако и тоа не е можно – ќе се каже дека „биле под контрола на Груевски“, велат анонимни извори на ваквите случувања во последниот период.

„Еден од инспекторите ми рече: подобро е јас да ти најдам нешто и да те казнам, било што, отколку после мене да ти дојде финансова полиција“, вели за Курир.мк анонимен раководител на институција во која Алаѓозовски пратил вакви инспекции.

Останува нејасно е што е најдено кај директорот на „Охридско лето“?! Дали е некоја ситница во прашање која инспекторите само за да ја задоволат наредбата на Алаѓозовски ќе ја толкуваат како оштетување на буџетот или, пак, Арсовски е сменет поради што и тој можеби е „под контрола на Никола Груевски“.

skrin

Официјална информација не може да се дознае, а на официјалниот сајт на Министерството за култура, последно соопштение до јавноста е срамното коминике во кое Роберт Алаѓозовски признава со фашизоидна реторика дека менува директори на институции поради сомнеж за политичка неистомисленост со СДСМ.

Дури и најтврдокорните приврзаници на СДСМ коментираат вака: „Менувањето, на десетиот ден од почетокот на фестивалот ‘Охридско лето’ на директор, не да е срамен чин, туку е чин за секаква осуда и од принципиелен од морален и од етички карактер“, стои во текстот на Охрид Скај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.