Алаѓозовски со неговото непознавање на културата предизвика реакции на социјалните мрежи

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на социјалните мрежи во петокот објави фотографија за која напиша дека пристигнува во Прилеп, Градот-херој, градот на Цепенков, на Чернодрински…Следуваа лавина коментари во кои новиот министер беше прашуван дали знае дека всушност Чернодрински е од Струга, а не од Прилеп. Корисниците на социјалната пишуваа дека се зачудени од непознавањето на културата токму од страна на министерот за култура.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пак напиша дека по ова разбира зошто СДСМ го укинале екстерното тестирање, но сепак му постави прашање на Алаѓозовски.