петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Алардајс e новиот селектор на Англија

Искусниот фудбалски стратег Сем Алардајс ќе седне на клупата на англиската фудбалска репрезентација, потврди шефот на ФА, Грег Дајк.

sem-alardajs-

Поврзани вести

Искусниот фудбалски стратег Сем Алардајс ќе седне на клупата на англиската фудбалска репрезентација, потврди шефот на ФА, Грег Дајк.

Алардајс кој  моментално е менаџер на премиерлигашот Сандерленд, е номиниран од страна на Фудбалската асоцијација на Англија како единствен кандидат, а неговото официјално назначување е само чиста формалност, односно Управниот одбор да даде „зелено светло“.

Од Сандерленд се свесни дека веројатно ќе го загубат тренерот, кој ги извлекуваше од испаѓање две сезони по ред. Како негов најсериозен наследник на клупата на „Стадионот на светлината“ се споменува поранешниот менаџер на Евертон, Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад, Дејвид Мојс.

Најчитани вести