ВИДЕО: Алармантно кај Делчево, пожарот зафати и куќи

Не стивнува пожарот кој ги зафати делчевски села Селник и Киселица. Огнените јазици ги зафатија куќите и имотите на локалното население.

Очевидци велат дека глетката е како во хорор филм. Веќе се зафатени куќи, голема количина на шума и трева, а во моментов постои опасност кон сите страни бидејќи пожарот неконтролирано се шири.

„Загрозен е споменикот на културата, црквата „Света Петка“ која постои од 13-ти век. Нападнати се повеќе маала. Огнените јазли се шират на сите страни, граѓаните се во паника. Побаравме помош од Владата, АРМ и ЦУК, но засега нема. Ги молиме нека реагираат“,вели очевидец за Курир.

Силниот ветер само ја зголемува опасноста. Пожарот се шири неконтролирано, на сите страни. Има изгорени куќи, плевни, насади.

Жителите вознемирени додека чекаат помош, се обидуваат самите да си помогнат, а надлежните не реагираат.