Алба на Војдан Стојновски го освои Суперкупот на Германија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски со својот клуб Алба Берлин го освои трофејот во германскиот Суперкуп.

Алба синоќа го совлада Баерн Минхен со 76:68, а во поголемиот дел од натпреварот имаше двоцифрена предност. На полувреме резултатот изнесуваше 45:25.

Стојановски даде 13 поени исто колку и Најлс Гифи, а поефикасен од нив беше Џејмел Меклин кои имаа по 15 реализации.

Кај Баерн се истакна Џон Брајант со 14 реализации.