Алба се закани дека ќе му ја скине главата

Репрезентативецот на Шпанија, Жорди Алба е во центартот на фудбалското внимание поради сензационалната информација дека фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, по натпреварот против Австралија јавно му се заканувал на новинарот на шпанскиот весник “АС”.

“Следниот пат ќе ти ја скинам главата”, била реакцијата на Алба кој бил изнервиран од прашањето кое во мик зоната му го поставил новинарот на дневниот весник “АС”.