Група од околу 200 Албанците од утринава со своите возила, трактори и тешки машини го блокирале влезот на црквата „Света Троица“ во косовското село Петрич кај Клина, и не дозволуваат раселените Срби од селото да го одбележат денешниот верски празник по кој црквата го носи името, јави Радио Гораждевац.
Според Божидар Шарковиќ, претседател на Привремената власт на Клин, Албанците го блокирале патот и на триесетина раселени Срби не им даваат да влезат во дворот на црквата и да го пресечат колачот за славата, пишуваат „Вечерње новости“.
Бидејќи немавме друг избор, а стравувајќи за сопствената безбедност, отидовме во полициската станица во Клина, од каде што испратија специјална единица која се надевам дека ќе ја растури толпата Албанци и ќе ни овозможат да се одбележи селската слава, иако сите 250 Срби од селото се протерани во 1999 година, нагласува Шарковиќ.
Тој забележува дека Албанците немаат причина да забрануваат обележување на верски празници, особено затоа што раселените Срби не им се заканувале.
Група раселени лица од селото Петрич денес требаше да ги посетат остатоците од руинираната црква и селските гробишта со цел да ја одбележат славата. Црквата „Света Троица“ се наоѓа недалеку од Клина, на патот Пеќ-Приштина. Таа била изградена во 1992 година, а била урната по доаѓањето на италијанските сили на КФОР на крајот од јуни 1999 година.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.