петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 77

Албанци фатени во со 3.4 килограми кокаин

Италијанската полиција од градот Брено, провинција Брешија, уапсила двајца браќа Албанци под обвинение недозволена трговија на тешки дроги.

кокаин

Поврзани вести

Уапсени се Б.Ј.(24) и Б.А.(20) кои живееле во Малегно, гратче во истата италијанска провинција. Во нивниот стан полицијата пронашла 3,4 килограми кокаин.

Полициски извори потврдуваат дека вредноста на дрогата е околу 150 илјади евра, но доколку би се продавала поделена на дози „заработката“ би достигнала милион евра.

Во меѓувреме грчката полиција во близина на Јанина запленила 132 килограми марихуана прошверцувана од Албанија. Уапсени се четири лица на возраст од 17 до 22 години, Албнци и Грци, меѓу нив и една 17-годишна Гркинка.

Најчитани вести