Македонија

Албанци сакале да пренесат 40 килограми марихуана во Грција

Албанци сакале да пренесат 40 килограми марихуана во Грција

Тројца Албанци биле уапсени во обид да прошверцуваат 40 килограми марихуана во Грција, информираше МВР.

– По добиени оперативни сознанија и претходно подготвен план,  вчера во координирана и заедничка акција на СВР Битола и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, спречен е обид на шверц на опојна дрога марихуана. Во акцијата се откриени и одземени 36 пакувања марихуана со тежина од околу 40 килограми- велат од МВР.

Дрогата била сместена во две поголеми торби кај лицата Ш.Е. (27), И.Т. (25) и Ѓ.П. (27), сите државјани на Република Албанија. Тие биле откриени во непосредна близина на границата со Република Грција во околината на селото Лажец, во обид пеш да ја минат државната граница. Тројцата се приведени во ПС за граничен премин Меџитлија..
За настанот е запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.