Албанци се обиделе да прошверцаат оружје во Сирија

Осуммина Албанци се уапсени вчера поради сомнение дека се обиделе да прошверцуваат оружје за Сирија, соопшти алабанската полиција.

Групата е уапсена во Тирана и во градовите Шијак и Драч, а полицијата запленила седум автоматски пушки, две сачмарки, шест пиштоли, пет бомби и муниција. Уште четворица осомничени се во бегство.

Полицијата не соопшти на кој начин оружјето било испратено за Сирија.

Верските лидери во Албанија апелираа до верниците да не им се придружуваат на бунтовничките групи во Сирија.