Албанците ги фаќа паника: Власта во Европарламентот против независноста на Косово

Националниот фронт на Марил Ле Пен и Партијата за независност на Обединетото кралство на Најџел Фраж, се апсолутни победници на изборот за Европскиот парламент. Овие партии со своите држави се наоѓаат на првото место според изборните резултати, со 25, односно 28 отсто од гласовите. Добри резултати во Австрија остварила и Слободарската партија на Австрија, која го зазема третото место.

Овие партии имаат многу блиски ставови за прашањето за независноста на Косово.
Националниот фронт смета дека едностраното прогласување на независноста на Косово е илегален чин, а Марин Ле Пен, е позната и по изјавата: „ Знаете што мислам за начинот на кој Американците го отцепија Косово од Србија“.

marin-le-pen-ap-1400519025-500497

Партијата за независност на Обединетото кралство во Европскиот парламент повеќе пати акцент ставала на „криминалната основа“ за независноста на Косово. На 17 април, 2013 година, претеникот Џерар Батен во парламенот  изјави „ ЕУ на косовските власти им дала 4,7 милијарди евра, за борба против организираниот криминал. Криминално извесувачката агенција на ЕУ јавно и соопшти дека нема напредок во сузбивање на организираниот криминал  уште од 1999 година, а извештајот на Советот на Европа од 2010 година наведува дека полотичарите во Косово се на најважните позиции во илегалната трговија со органи.

Хајнц Кристијан Штахе, претседател на Слободарската партија на Австрија, покрај ставот дека Косово е дел од Србија, посотојано ја предупредувал јавноста дека според известувачките служби, премиерот на Косово, Хашим Тачи, е организатор на интернационална трговија со дрога и дека Албанците на Косово се бават со илегална трговија со органи.

hajnc-kristijan-strahe-foto-marina-lopicic-1389273073-424677

Изборите за европскиот парламент претствува индикатор кој во иднина ќе добие власт во Франција и Велика Британија.  Доколку не дојде до предвремени, следните  парламентарни избори во Велика Британија ќе се одржат во 2015 година,а во Франција претседателските и парламентарните избори се закажани за 2017 година.

Фактот дека сега најсилни парти во овие земји се тие кои јавно изнесуваат ставови за илегалната природа на „државата Косово“, претставува позитивен след на случувањата за Србија, со оглед на тоа дека независно Косово во рамка на ЕУ покрај Германија има голема меѓународна поддршка од Велика Британија и Франција, а позициите на партиите кои сега освоија најмногу гласови сугерира на тоа дека поддршката би можела да биде прекината.

Медиумите во Приштина ги пренесуваат негативните реакции на така наречените Косовски офоцијални избори за Европскиот парламент, а политичарите на Косово изразуваат загриженост  поради „ јакнење на екстремната десница во ЕУ“.