Албанците го “купиле“ мечот со Ерменија за 2 милиони евра?!

Албанците го “купиле“ мечот со Ерменија за 2 милиони евра?!
Албанците го “купиле“ мечот со Ерменија за 2 милиони евра?!

Албанија го прославува историскиот успех и пласманот на ЕП 2016 во Франција, но денеска стигнуваат информации дека клучниот меч со Ерменија не бил регуларен, односно дека дел од ерменските фудбалери добиле мито за да им овозможат на Албанците полесно да стигнат до посакуваната победа, тврди албанскиот портал „Опозито“, пренесува ЕКИПА.

Албанскиот портал „Опозито“ тврди дека овој натпревар ги чинел Албанците два милиони евра, сума што ја поделиле голманот и уште тројца ерменски репрезентативци. Мисијата беше исполнета, Албанија славеше со 3-0 и се искачи пред Данска на второто место во групата, кое значи и автоматски пласман на ЕП 2016.

Ерменците и претходно беа под сомнение за „продажба“ на квалификациски натпревар, кога во 2003 година го загубија последниот меч против Грција со 1-0, по што нашиот јужен сосед се пласираше на ЕП 2004, каде потоа се закити и со титулата.