Албанците масовно се иселуваат

На 1 јануари годинава Албанија имала 2.893.005 жители, што е за 2.942 помалку споредено со истиот датум лани, објави МИА.

Според официјалната статистика, од вкупнот број жители, 1.462.005 се мажи, а 1.431.000 жени или соодносот е 102,1 мажи на сто жени.

Во текот на минатата година, според Институтот за статистика, во Албанија се регистрирани 35.760 новороденчиња, од кои 19.683 машки и 17.077 женски. Природниот прираст на наелението бил 15.104 лица.

Институтот потвдува дека лани земјата ја напуштиле 46.413 лица, од кои 52 отсто мажи, додека во Албанија се вратиле 28.486 лица, пренесува МИА.

Најнаселена околија е Тирана, со 800.986 лица, потоа Фиер со 315.012 и Елбасан со 301.397 жители. Околии со најмалку жители се Ѓирокастро, Кукс и Пешкопеа, кои имаат 72.202, 85.461, односно 136.476 жители.

Доколку се направи споредба со бројот на населението по падот на комунизмот, тогаш Албанија имаше над 3,8 милиони жители. Пограничната околија  Пешкопеа, на албанско-македонката граница кај Дебар, имаше 350 илјади жители, додека Тирана околу 300 илјади.

Освен во странство во последниве 25 години во Албанија масовна беше појавата на миграција село-град.