Албанците се победници на Балканот

Ако ја споредиме ситуацијата во регионот со онаа од пред 15 години може да кажеме дека Албанците се победници на Балканот, рече албанскиот премиер Еди Рама за време на семинарот за граѓанско општество, пред политичарите на Косово во Приштина.

Тој ја повика меѓународната заедница да разбере дека Европската унија е потребна на Балканот, како што и Балканот и е потребен на Унијата. Според него, ако тоа нешто не се разбере, утре може да биде премногу доцна.

“Ние победивме како народ кој сака мир. Како народ ние никогаш не сме биле закана за другите народи. Ние успеавме да го убедиме дипломатскиот свет, дека нашиот народ е лишен од своите права и слободи и за тоа заслужува поддршка”, рече уште Рама.

Според него Албанците имаат освоено, бидејќи биле за дијалог и тој дијалог треба да продолжи. Рама смета дека Косово треба да продолжи по патот на дијалогот, без оглед на фактот дека веќе не зависи од Србија. “Напредокот на Косово веќе не зависи од Србија. Неговата судбина е во рацете на косовскиот политички елити”, истакна Еди Рама и додаде: Косовското прашање конечно е решено

Албанскиот премиер смета дека “Србија има неверојатен стратешки потенцијал за развој во регионот, но треба да знае како да го користи”.

“Албанија и Косово секогаш ќе одат заедно. Ќе си помагаат “, рече уште Рама, цитиран од Радио Слободна Европа.