Албанците во шок: Нашата голема пријателка изгуби!

Големата пријателка на Албанија, Косово и сите Албанци, Хилари Клинтон не победи на изборите, напиша на Фејсбук албанскиот премиер Еди Рама.

-Нејзиниот противник Доналд Трамп стана 45 претседател на САД – пишува Рама.

Тој сепак му ја честиташе победата на Трамп и посака успех на сите пријатели и партнери во САД.

rama2

-Уверен сум дека нашиот стратешки однос со САД ќе продолжи да јакне во поглед на зедничките вредности и интереси. Албанија е пријател и сојузник на амерканската влада – истакнува Рама.