Албанец два пати ограбил иста џамија

Државјанин на Албанија е осомничен дека два пати ограбил иста црква во Тетово,информираше МВР.

Станува збор за А.А.(24) против кого полицијата поднела кривична пријава за сторени кривични дела тешка кражба и кражба. Според полицијата, осомничениот ја ограбил џамијата „Табана” на улица Мирче Ацев во Тетово.
Тој во текот на 2016 година, заедо со уште едно непознато лице, со употреба на физичка сила го отвориле сандачето за донирање на парични срества на верниците и одзеле околу 8.000 денари.

Втората кражба Албанецот ја извршил во средата во истата џамија. Крадецот, пак заедно со уште едно непознато лице, од метален сеф кој бил отворен зеле од 3.000 до 8.000 денари.