Албанец лишен од слобода на Деве Баир

Вчера во 17:15 часот на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од РМ, лишен е од слобода Е.С.(22) од Р.Албанија, затоа што при проверка на патната исправа утврдено е дека неколку страни се оштетени, каде имало вметнати забрани за влез во Р.Словенија и Р.Унгарија.

Е.С. е предаден на Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.