Албанец уапсен во 30 килограми хероин во Италија

Полицијата во италијанскиот град Падова уапси педесет и шест годишен албански државјанин, во чиј дом пронашла 30 килограми хероин, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“ во добро организираната полициска акција уапсен е Ружди Е. во чиј стан била пронајдена дрогата, која доколку се продава на мало достигнува вредност од два милиони евра.

Уапсениот Албанец не работел никаде, а живеел во станбен комплекс заедно со сопругата, синот, снаата и внуката.

Полицијата забележала сомнителни движења во зградата каде што живеел Ружди Е. и кога влегла во станот открила голема торба, една бела и две црни вреќи, во кои имало дрога.

Веднаш по апсењето тој изјавил дека не знае ништо околу другата и оти мислел дека тоа било брашно. Пред полициските инспектори потоа изјавил дека „брашно“ редовно му испраќал негов сонародник кого не го познава и не може физички да го опише.