Албанија: Бериша повикува на масовни протести

Поранешниот албански премиер и екслидер на опозициските демократи, Сали Бериша, преку социјалната мрежа Фејсбук повика на масовни протести против зголемувањето на цената на електричната енергија, даноците на горивата и студентските такси.

Како што јавува МИА, Бериша апелира да се излезе на протести на 22 ноември.

Преку социјалната мрежа, Бериша, наведува дека одлуката за протести дошла, според него, по одржаната средба со политички партии, независните синдикати, здруженија, претставни на бизниснот и други целни групи.

– Одлуката е едногласна протестите да се одржат на 22 ноември. Албанија на протести против поскапувањето на струјата, зголемувањето на даноците на горивата, таксите за студентите, сиромаштијата и бедата, напиша Бериша.

Бериша беше лидер на демократите два децении, но се повлече од оваа функција по поразот на парламентарните избори во јуни 2013 година.