Балкан

Албанија доби кредит од 220 милиони долари од Светската банка

Албанија доби кредит од 220 милиони долари од Светската банка

Светската банка и одобри на Албанија два кредити од вкупна вредоност од 220 милиони долари. Кредитите треба да и помогнат на Владата во спроведување на реформите за даночниот и пензискиот систем, како и за енергетскиот сектор.

Од Светската банка посочија дека средствата треба да се вратат во од 30 години со 7 години грејс период.

Од Владата не соопштуваат колкава ќе биде каматната стапка.

Државниот долг на Албанија минатата година достигна 70,5 отсто од бруто домашниот производ, наспроти 60 отсто во 2012 година.

Во февруари оваа година, Меѓународниот монетарен фонд на Албанија и одобри кредит од 331 милион евра.