Албанија: Го прободела 18 пати сопругот, за да избега со неговиот брат

Ермира Џафери, од Албанија, млада мајка на две деца, одлучила да оди до крај во врската која ја имала со нејзиниот девер.

За да може слободно да ужива во нејзиниот љубовен живот таа планирала да го елиминира сопругот.

Во вечерните часови Ермира заедно со нејзиниот љубовник Александар Ахметај го нападнале Сајмир Џафери, нанесувајќи му 18 убоди со нож.

Сајмир бил тешко повреден и во состојба на кома бил веднаш префрлен во подрачната болница во Фиер.

Од полиција потврдиле за немилиот настан со филмско сценарио и додале дека по нападот Ермира била спречена да избега од страна на членови на фамилијата, а нејзиниот соучесник Александар е уапсен од страна на полицијата во Ѓирокасра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.