Албанија на две години со закон ги укинува ловот и ловците

Алабанија, на две години ќе го забрани целиот лов за да ги заштити животните на кои поради криволов им прети изумирање, изјави денеска албанскиот министер за животна средина Лефтер Кока.

„Приморани сме да примениме строги мерки за да ги заштитиме дивите видови на кои им се заканува изумирање поради криволов,“ изјави Кока, оценувајќи дека она што веќе две децении се случува со фауната во Албанија е вистински масакар.

За кршење на мораториумот на лов, предвидени се високи парични казни кои ќе бидат одредени до половината на февруари, кога на сила стапува законот за забрана на лов.

Според извештајот на Министерството за животна средина, бројот на лисици, зајаци и препелици паднал од 30 на 50 отсто, додека мечките, фазанот и орелот потполно исчезнале.

„Неспособноста на власта да го стават по контрола ловот и нелегалната трговија со диви животни, е причина за овој неподнослив масакар, “ изјави претставник на Здружението на ловци на Албанија, Астрит Беко.

Според податоците на полицијата во Албанија, која има три милиони жители, регистрирани се 75 илјади ловечки пушки, а непријавено оружје има многу повеќе. Мораториумот на лов се однесува на домашните и странски ловци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.