Албанија: Од воен магацин украдени 12 000 парчиња ТНТ

Од воен магацин кај селото Нуај во близина на албанскиот град Круја биле украдени 12.000 парчиња експлозив ТНТ, секој со тежина од по 200 грама.

Како што јави МИА, вредноста на украдениот ТНТ е 200 милиони лека (околу 100 милиони денари).

Обвинитеслтвото и полицијата извршиле увид, а засега е уапсен само магацинерот.

– Можно е ова количество експлозив да е продадена на каменоломите во ова подрачје, но не се отфрла ни можноста тој да завршил во раце на криминалци за терористички цели во областа на Круја, но и во други делови на Албанија, како и надвор од нејзината територија, наведува електронското издание на тиранскиот весник „Шекули“.

Според весникот на ваковзаклучок наведува зачестеното поставување експлозиви, како во автомобили, домови на бизнисмени, на електрични столбови и водни резрвоари.

Истрагата треба да испита кој се вмешан во овој криминал. Ова не прв случај да се регистрира кражба на ТНТ од воен магацин во Албанија.