Албанија: Опозицијата подготвена да се врати во парламентот

Албанската опозициска Демократска партија е поготвена да го прекине бојкотот и да се врати во Парламентот, објави МИА.

Во денеска објавеното соопштение Демократите истакнуваат дека ја поддржуваат Изјавата на начела и се заблагодаруваат на европарламентарците Едуард Кукан и Кнут Фленкштеин за нивното ангажирање.

-Демократската партија ја поздравува Изјавата на преговарачите на Европскиот Парламент и двете парламентарни групи ППЕ и ПСЕ, посебно на европарламентарците Кукан и Фленкештеин за нивното ангажирање за излез од парламентарната криза. Во исто време ДП искажува целосна поддршка за Изјавата на начела и е подготвена веднаш да се врати во Парламентот, стои во соопштението.

По вчерашните средби кои ги оствари со албанскиот премиер Еди Рама, спикерот Илир Мета и двете средби со лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша, европратенкот Едуарт Кукан, во заедничката изјава со неговиот колега Кнут Фленкештеин, кои посредуваа во надминувањето на парламентарната криза, оценија дека одговорност е на двете страни политичкиот дијалот да се одвива во Парламентот. Тие искажуваат и поддршка за Албанија за нејзина интеграција во ЕУ.

– Европскиот Парламент ја поддржува интеграција на Албанија и политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата. Ја поттикнуваме опозицијата да стави крај на бојкотот, бидејќи Албанија има потреба од стабилен политички дијалог. Одгворност е на двете страни политичкиот дијалог да се води во Парламентот, стои во заедничката изјава на европарламентарците.

Тие исто така го позадравуваат фактот што двете страни се согласиле со нивните предлози.

Враќањето на опозицијата експресно го поздрави владејачката Социјалистичка партија преку пратеникот Таулант Бала, кој соопшти дека неговата партија е подготвена на утрешната седница на Парламентот да ја поддржи Резолуцијата.