Балкан

Албанија под вода, евакуирани 600 семејства

Албанија под вода, евакуирани 600 семејства

Половина од територијата на Албанија во јужнот и центалниот дел се под вода, јави доиписникот на МИА.

Од поплавените подрачја до сега се евакуирани над 600 семејства и покрај тоа што дел од нив одбивале да ги напуштат своите домови.

Последните податоци на албанското Министертво за внатрешни работи потвдуваат дека се поплавени 17.000 хектари земјоделско земјиште, додека пет хектари земјиште на кое се изградени куќи се целосно се под вода.

Добар дел од жителите одбивале да ги напуштат доомовите, не сакајќи да ги остват куќите и добитокот, но по барање на Кризниот штаб тие се евакуирани.

Состојбата во Албанија е оцента како многу ризична и дека постојано се влошува поради обилните дождови кои нпрекинато врнат последните два дена, а има најави за нови врнежи и наредните денови.

– Евакуирани се над 600 семејства. За нив е обезбедено сместување. Но, најголемиот дел од нив сега се сместени кај нивни роднини. Поделени се 2.600 пакети со храна. Ангажирани се над 2.100 припадници на војската и други служби, како и стотици возила и чамци, изјави Флориан Серјани портпарол на Кризниот штаб.