Албанија: Полицијата бара граѓаните да го пријават секое сомнително дејствие

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири доцна синоќа упати апел до албанските граѓани да соработуваат со полицијата со цел да се спречи каков било акт на организиран криминал и тероризам, јави МИА.

Тахири побара од граѓаните да соработуваат заради заедничката безбедност, „да не замижуваат“ пред заканата од кого било кого, туку веднаш да разменат информации со полицијата за секоја ситуација.

– Информација за секој кој може да ја загрози безбедноста ,за секое сомнително возило, за секоја средина, локал или друг објект кој потикнува сомнение, секој податокот кој може да биде закана по вашиот и животите на вашите деца, јавете се во полицијата, апелираше Тахири.

Апелот на албанскиот прв полицаец доаѓа по терорисичките напади во Франција, по кои видно засилено е обезбедувањето на француската амбасада во Тирана, како и амбасадите на САД, Велика Британија и други.

Неодмна странските тајни служби ги предупредија Албанија и Косово дека се можни цели за терористички напади.

На боиштата во Сирија и Ирак на страната на Исламската држава се борат околу 150 албански државјани, а досега е потврдена е смртта на тринаесет од нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.