Албанија: Поранешниот началник на Генералштабот на армијата, Луан Хоџа доби политички азил во САД

Поранешниот началник на Генералштабот на Албанската армија Луан Хоџа, кој беше осуден во својата земја на шест години затвор, добил политички азил во Соединетите Американски Држави.

Генерал Хоџа беше осуден за случајот „Гердец“, кога недалеку од Тирана беше уништено големо количество муниција . При процесот се предизвика силна експлозија, што беше почувствувана и во соседните земји на Албанија и беа уништени над 5.000 куќи.

Во 2012 година, непосредно пред да биде осуден, генерал Хоџа замина за САД.