Албанија пушти на слобода 900 затвореници

По стапување на Законот за амнестија, вчера од албанските затвори пуштени се 900 затвореници. Меѓу нив има 35 жени.

Законот за амнестија овозможува ослободување на сите затвореници кои до крајот на зтворската казна им стануваат три години. Ослободени се лица кои се условно или парично казнети, кои до 30 ноември минатата година имале најмалку 55, односно 60 години, како и оние кои во времето на извршување на кривичното дело биле неколку месеци помали или постри од 18 години.

Законот не се однесува на лица кои се осудени за тешки кривични дела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.