Албанија утре ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Министрите за надворешни работи на змејите-членки на Европската унија, утре на Албанија ќе и доделат статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

На утрешниот состанок во Луксембург во рамки на Советот за општи работи на ЕУ, шефовите на дипломатиите ќе ја потвредат веќе утврдената согласност на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, со кој се прифаќа предлогот на Европската комисија за доделување на кандидатски статус на Албанија.

Велика Британија, Германија, Франција и Чешка се противеа на можноста Албанија да стане кандидат за членство на ЕУ, но по акцијата на албанската полиција за уништување на нарко центрите во земјата, како и спроведените напори на Владата на Еди Рама за приближување на албанското кон европското законодавство и спроведување на силна антиимиграциска политика, овие земји решија да не ставаат вето на албанската кандидатура.

По утрешниот состанок на Советот за општи работи, комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, заедно со грчкиот минситер за надворешни работи Евангелос Венизелос, се очекува на прес-конференција да ја соопштат веста дека Албанија станува кандидат за членство во Унијата, што всушнсот би била единствена новост која на Самитот на Европскиот совет во четврток и петок ќе биде донесена во однос на проширувањето на ЕУ. Сепак, годинава, не се очекува Албанија да добие датум за почеток на преговорите за членство.

Врз основа на заклучоците од декемврискиот Самит на ЕУ, за предлогот на Еврокомисијата за Македонија да ги почне пристапните преговори, ќе се расправа дури на средбата на врвот во декември оваа година, до кога Комисијата ќе издаде уште еден извештај за напредокот на земјата кој се очекува да содржи нова препорака за почеток на преговорите за членство