Албанија: Вратени 800 лица кои сакале да патуваат во ЕУ

Деновиве засилена е граничната котрола во пристанишниот албански град Драч како последица на зголемениот бран албански граѓани кои сакаат да заминат надвор од границите на земјата во правец на земјите од шенген зоната, јави МИА.

Албанските власти на повеќе стотини свои граѓани, главно од подрачјето на гардовите Елбасан, Либражд и Фиер им забраниле излез при обидот да патуваат кон некоја од земјите на ЕУ.

Станува збор за албански државијани кои при намерата за заминат со траект за Италија, не знаеле да кажат за која цел патуваат , додека поголемиот број од нив не ја поседувале предвидената сума на пари како и потребениот документ за семејството каде треба да престојуваат.

Во последните три дена, само од Драч не им  е дозволен излез од земјата на 600 албански државјани,  додека со оние од други гранични премини, бројката, според Министерството за внатрешни работи е околу 800.

Поголемиот број од вратените тврделе дека патуваат кај свои роднини во Германија.

Поради зголемување на бројот на албански државијани кои бараат азил во земјите на ЕУ, институциите на ЕУ покрај депортацијата на државјани од Албанија и забрана за патување кон земјите на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.