Албанска ученичка освои прво место на регионален натпревар по македонски јазик

Селвиназе Зендели, деветтоодделенка од училиштето „Перпарими“ во Голема Речица, Тетово, освои прво место во регионалните натпревари по македонски јазик во Тетово и четврто место во републичките натпревари во Прилеп, објави МИА.

– Чувствувам големо задоволство што го претставувам моето училиште по натпревари и за ова им се заблагодарувам на мојата наставничка Виолета Томеска и на другите учители што покажаа разбирање. Тестирањето воопшто не беше тешко, прашањата беа многу лесни – изјави Зендели за ТВ Арт Тетово.

Нејзиниот ментор, Виолета Томеска, е горда на резултатите на ученичката за која вели дека имала голем потенцијал.