петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 77

Албанската дијаспора на средба со Заев договарала федерализација?!

Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора вчера отворено призна дека се среќавал со Заев, разговарале за федерализација и после таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори.

Албанската дијаспора на средба со Заев договарала федерализација?!

Албанската дијаспора на средба со Заев договарала федерализација?!

Последни вести

Албанската емиграција објави видео изјава дека имала состанок со опозицискиот лидер Зоран Заев и ја договориле нивната поддршка во замена за федерализација на Македонија, објави Медиа.мк.

Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора вчера отворено призна дека се среќавал со Заев, разговарале за федерализација и после таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори.

-Ние имаме барања, но ние сме Дијаспора и не може да одлучуваме, сите знаат дека јас сум за федерализација, се разбира, тоа не го кријам, имав средба со Заев, му ја искажав поддршката, а гледајте потоа, овие новите албански партии се приклучија на протестите, рече Љамалари – пренесува Телма

Протестот за денеска го подготвувааат организации на поранешни борци на ОНА, на политички осуденици, невладини организации и партиите. Протестот планирано е да започне во 14 часот на Битпазар во Скопје, а да заврши пред Собранието.

boja-0-640x360-1

Заев исто така добива поддршка и од движењето БЕСА, формирана со една единствена  цел, ширење на радикалниот ислам и на неговата ”селефистичка идиеологија”, пишуваше порталот Журнал.

-Беса како партија ги промовира идеите за радикален и политички ислам во Македонија. Поради страв дека нема да бидат прифатени од албанскиот електорат кон кого се насочени, се формираат како партија која во својата основа го има Албанскиот национализам, пишува порталот.

Ставовите на СДСМ и на Беса веќе подолг период се совпагаат.  Целите на Беса кои може да се извлечат после направените анализи се: Промена  на Уставот на Р.Македонија и формирање  бинационална држава со официјализирање на албанскиот јазик на државно ниво. За ова Зоран Заев на Косовска телевизија се има веќе јавно изјаснето дека доколку би дошол на власт ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија на државата, со што би го вовел уште во основните училишта. За ваквото зближување на Беса со СДСМ се користат блиските врски и контакти на ”експертите” Мерсел Биљали и Ким Мехмети со Зоран Заев и Стево Пендаровски.

За денеска  во 14 часот, непосредно по најголемата молитва – џума на блокади и протести низ Скопје излегуваат и ветераните на УЧК. Познавачите коментираат дека сите овие протести имаат конечна цел, редефинирање на Македонија.

-Во овој контекст е и радикализацијата на ветераните на УЧК, што преку т.н. движење БЕСА ќе треба да се покажат со сета жестина и во петок на митинг во Скопје, како и заканите на албанскиот премиер Еди Рама дека „без редефинирање на Охридскиот договор и подобра позиција на Албанците во Македонија-Албанија ќе го блокира влезот на Македонија во НАТО“, смета новинарот Бобан Нонковиќ.

На изминатите неколку протести, гулиганите предводени од СДСМ и СОРОС удрија врз македонските полицајци со камења, тврди предмети, бехатон плочки и бакљи. Уништена беше Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, но исто така и зградата на министерството за правда, сквернавена Порта Македонија и спомен обележјата на неа, како и низа друго споменици и државни институции.  СДСМ не се огради ниту од срамните навреди кои нивни активистки им ги порачаа на полицајците.

Најчитани вести