Албанската и Косовската полиција разбија меѓународна шверцерска група

Во голема полициска акција реализирана во Албанија и на Косово разбиена е меѓународна шверцерска група и запленета поголема количина дрога.

Освен седумте килограми кокаин, запленети на преминот Морина на албанско-косовската граница, албанската полиција во село во близина на градот Мамурас заплени 50 килограми кокаин, 18 килограми хероин, 150 килограми марихуана, 850 литри течност која се користела за мешање на дрогата, апарати и средства за пакување. Запленет е и блиндиран автомобил марка „БМВ“,како и девет парчиња огнено оружје, три снајпери, гранати и експлозив.

Според медиумите во Косово членови на бандата се притворени и кај нив запленети се над 50 килограми кокаин и повеќе килограми други полесни дроги.

Акцијата на полицијата продолжува.