Албанската опозиција ги блокираше патиштата и бара назначување привремена влада

Приврзаницита на албанската опозииска Демократска партија на еден час во понеделникот ги блокираа неолкуте главни патни правци во Албанија, во ескалирањето на нивните протести кои траат два месеца со кои бараат да биде нанзачена привремена влада којашто ќе ги организира и спроведе парлаемнтарните избори на 18 јуни.

Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша им се придружил на демонстрантите на крстосниците во предградите на албанската престолнина Тирана на коишто се приклучува сообраќајот од автопатовите, изразувајќи задоволство од нивното „мирно протестирње и европската култура“.

Опозициските демонстранти ги блокираа сообраќајниците и во северна, централна и во јужна Албанија.

Албанската опозиција бара да биде именувана привремена технокртска влада којашто ќе го надгледува спроведувањето на изборите, бидејќи смета дака коалицијата на Социјалистичката партија предводена од премиерот Еди Рама ќе го реформира правосудството во своја полза, и оти не може да се има доверба во неа дека ќе спроведе чесни и праведни избори.

Рама, од своја тстрана, пак, изјави дека неговата влада работела на реформи во правосудствот за наводно да се приближи на членството на Европската унија кои ги бара Брисел за да ги покрене преговорите за членството на Албанија и ги отфрла обвинувањата од опозицијата.

Опозицијата веќе 65 дена протестира во голем шатор пред зградата на владата во центарот на Тирана, а истовремено го бојкотира парламентот, со што го спречува носењето на законите за именување на нови судии и почетокот на реформите во судскиот систем на земјата.

Рама, пак, ги обвинува челнците на опозицијата дека ги блокираат патиштата бидејќи не сакаат „патот кон Европа да биде отворен со чистење на корупцијата во правосудството“.

Во понеделникот во Тирана пристигнаа дваја пратеници од Европскиот парламент, коишто ќе се обидат да постигнат компромис меѓу спротиставените страни.

Политичката сцена во Албанија е одбележана со вербално но и физичко насилство меѓу приврзаниците на десницата и на левицата, кои меѓусебно се обвинуваат за корупција, оценуваат странските медиуми.

Откао во 1992 година беше соборен комунистичкиот режим, губитничката страна на сите албански избори ги оспорува резултатите, што некогаш резултира со учлично насислтво. Изборите во 2013 година минаа релативно мирно.

Албансија е челнака на НАТО од 2009 година, а во 2014 година го стекна статуст на кандидат за пристапувње во членството на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.