Албанската опозиција најавува масовни протести

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија Демократската партија, Љуљзим Баша најави одржување масовен протест на 27-ми јануари.

Опозицискиот челник ги повика сите албански граѓани да ѝ се придружат на опозицијата на сенародниот протест против, како што рече, сиромаштијата, економската криза, против неправдата и правосудството кое е под заложништво на политиката.

„Доколку денеска имаме нарко држава што се потврдува и од штотуку објавениот ивештај на ЦИА и САД, оваа нарко држава е изградена на темелите на беззаконие, кое е основа на украдени избори, што доведе до нелегален парламент, незаконски премиер, кој нелегално постави главен обвинител за да може да ги затвори досиејата за корупција“, истакна Баша.